Еремија 11:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! И колку што има улици во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте за да му кадите на Ваала.

14. И така, ти не моли милост за тој народ, не дигај го гласот за нив и не моли, зашто нема да ги послушам кога ќе Ме повикаат во својата неволја.

15. Што бара мојата возљубена во Мојот Дом? Смислуваат лоши основи. Дали мрсното и посветеното месо ќе го отстранат злото од тебе? Дали можат затоа да те прогласат чиста?

16. ‘Зелена маслинка со убаво растење,’ така те нарече Господ. А сега со голем шум со пламен го гори нејзиното лисје, изгорени се нејзините гранки.

Еремија 11