Ефешаните 6:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А вие, господари, постапувајте исто така со нив, без закани, знаејќи дека нивниот и вашиот Господар е на небесата! И дека Тој не гледа кој е кој!

10. Најпосле, јакнете во Господа и во силата на Неговата моќ!

11. Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот.

12. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.

13. Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите!

14. И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата,

Ефешаните 6