Ефешаните 6:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети

19. и за мене, да ми се даде слово кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам смело тајната на Евангелието,

20. за кое сум пратеник во окови: за да зборувам смело како што и треба да зборувам.

21. А за да знаете и вие сè за мене што работам и како сум, за сè ќе ве извести Тихик, возљубениот брат и верен слуга во Господа,

22. кого го праќам при вас токму затоа, за да научите како сме ние и за да ги утеши вашите срца.

Ефешаните 6