Ефешаните 6:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Деца, слушајте ги своите родители во Господа, зашто тоа е право.

2. ”Почитувај ги својот татко и мајка - тоа е првата заповед со ветување -

3. за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата!”

4. А вие, татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа.

5. Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!

Ефешаните 6