Ефешаните 5:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Зашто никој никогаш не го замразил своето тело. Но го храни и го стоплува како и Христос Црквата.

30. Зашто, ние сме членови на Неговото Тело - од Неговото месо и Неговите коски.

31. ”Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена, и двајцата ќе станат едно тело.”

32. Оваа тајна е голема - а јас зборувам гледајќи на Христос и на Црквата.

33. И така, секој од вас да ја љуби својата жена како себеси, а жената да го почитува својот маж.

Ефешаните 5