Дела Ап. 9:31-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. И така, црквите по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беа во мир; се изградуваа и одеа во Господовиот страв и со утехата на Светиот Дух, се намножуваа.

32. А кога Петар ги обиколуваше сите, дојде и при светите, кои живееја во Лида.

33. Таму најде еден човек, по име Енеј, кој лежеше осум години парализиран на постела.

34. И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува; стани и направи си го леглото!” И тој стана веднаш.

Дела Ап. 9