Дела Ап. 9:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А сите кои го слушаа, се восхитуваа и велеа: „Не е ли овој, кој во Ерусалим ги истреби оние, кои го повикуваа ова Име, и зар не дојде ваму, за да ги поведе врзани пред свештеничките главатари?”

22. Но Савле беше сè посилен и ги збунуваше Јудејците, кои живееја во Дамаск, докажувајќи дека Овој Исус е Месија - Помазаник.

23. И кога минаа многу дни, Јудејците се одлучија да го убијат.

24. Но Павле узна за нивниот заговор. А тие ги чуваа градските врати, дење и ноќе, за да го убијат.

25. Но учениците го зедоа и го спуштија ноќе во кошница преку ѕидот.

Дела Ап. 9