Дела Ап. 9:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. А во Дамаск беше еден ученик, по име Ананиј, и Господ му рече во привидение: „Ананиј!” А тој рече: „Еве ме, Господи!”

11. А Господ му рече: „Стани и оди во улицата, што се вика „Права,” и во Јудината куќа побарај го тарсанецот, наречен Савле! Зашто, ете, тој се моли.”

12. И виде во видение човек по име Ананиј, како влегува при него и ги полага рацете на него за да прогледа.

13. Ананиј одговори: „Господи, чув од мнозина за тој човек, колку зло им направил на Твоите свети во Ерусалим.

14. И тука има власт од свештеничките главатари да ги врзе сите оние, кои го повикуваат Твоето име.”

Дела Ап. 9