Дела Ап. 9:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Савле, кој сè уште дишеше со закана и убиство против Господовите ученици, отиде при првосвештеникот,

2. и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим.

3. Кога на својот пат му се приближи на Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото;

4. и падна на земјата и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?”

Дела Ап. 9