Дела Ап. 8:32-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. А местото од Писмото, што го читаше, беше ова: „Беше одведен како овца на колење; и како што јагнето е немо пред оној, кој го стриже, така не ја отвори Својата уста.

33. Во Неговото понижување Му беше укинат судот. Кој ќе го изброи Неговото поколение? зашто Неговиот живот се зема од земјата.”

34. Тогаш Етиопјанецот во одговор му рече на Филипа: „Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?”

35. А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса.

Дела Ап. 8