Дела Ап. 8:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во оној ден стана и големо гонење против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите се распрснаа по краиштата на Јудеја и Самарија.

2. А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.

3. Савле пак ја запустуваше црквата, влегувајќи во куќите, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во темница.

4. Оние кои беа распрснати одеа, проповедувајќи го Словото.

Дела Ап. 8