6. А помладите станаа, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
7. А кога поминаа околу три часа, влезе и неговата жена, не знаејќи што станало.
8. И Петар ја праша: „Кажи ми дали за толку ја продадовте нивата?” И таа рече: „Да, за толку.”
9. А Петар и рече: „Зошто се согласивте да Го искушувате Господовиот Дух? Еве! Веќе пред вратата се нозете на оние, кои го погребаа твојот маж, ќе те изнесат и тебе!”
10. И веднаш падна до неговите нозе и издивна. А кога младите луѓе влегоа, ја најдоа мртва; ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.
11. И голем страв ја опфати целата црква и сите кои го чуја тоа.
12. И преку апостолските раце стануваа многу знаци и чуда во народот; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.
13. Од другите пак, никој не се осмелуваше да им се присоедини, меѓутоа народот ги величаше многу.