Дела Ап. 5:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Ние сме сведоци за тоа и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.”

33. Кога го чуја тоа, се налутија многу и имаа намера да ги убијат,

34. но тогаш, во Синедрионот, стана еден фарисеј по име Гамалиел, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда да ги изведат луѓето надвор;

35. и им рече: „Мажи, Израелци! Помислете добро што ќе им направите на тие луѓе!

36. Зашто, пред овие денови се крена Тевда, кој зборуваше за себе дека е нешто големо, и кон него се присоединија околу четири стотини луѓе; тој беше убиен, а сите кои го слушаа се распрснаа и беа уништени.

Дела Ап. 5