Дела Ап. 5:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Тогаш управителот на Храмот, со служителите, отиде и ги доведе, но не на сила, зашто се боеја од народот да не ги каменува.

27. И кога ги доведоа, ги поставија пред Синедрионот, и првосвештеникот ги праша:

28. ”Зар не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А еве, вие го наполнивте Ерусалим со својата наука и сакате да ја фрлите крвта на Тој Човек на нас.”

29. А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето.

30. Бог на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво и Го убивте.

Дела Ап. 5