Дела Ап. 5:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И преку апостолските раце стануваа многу знаци и чуда во народот; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.

13. Од другите пак, никој не се осмелуваше да им се присоедини, меѓутоа народот ги величаше многу.

14. А повеќе верни беа присоединети кон Бога; множествата на мажи и жени;

15. така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, та барем Петровата сенка да падне на некого од нив.

16. Се собираше во Ерусалим и множество од околните градови и носеа болни и измачувани од нечисти духови. И сите се исцелуваа.

Дела Ап. 5