Дела Ап. 27:29-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Боејќи се да не удриме во гребените, спуштија четири котви од задниот дел на бродот; и чекаа да се раздени.

30. А кога бродарите сакаа да побегнат од бродот и го спуштија чунот во морето, под изговор дека сакаат да ги спуштат котвите од предниот дел на бродот,

31. Павле им рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на бродот, вие не можете да се спасите!”

32. Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на чунот и го оставија да падне.

33. А пред разденување, Павле ги молеше сите да јадат и рече: „Денес е четиринаесеттиот ден, како чекате и поминувате без јадење, не вкусувајќи ништо.

34. Затоа ве молам да јадете, зашто тоа е за вашето избавување. На ниеден од вас нема да му пропадне ни влакно од главата.”

Дела Ап. 27