Дела Ап. 25:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш Фест поразговара со својот совет и одговори: „Се повика на ќесарот, при ќесарот ќе одиш.”

13. Кога поминаа неколку денови, царот Агрипа и Верникија дојдоа во Ќесарија, за да го поздрават Феста.

14. И бидејќи таму се задржаа повеќе денови, Фест го изнесе пред царот Павловото дело: „Феликс остави еден човек во окови,

15. против кого - кога бев во Ерусалим - истапија свештеничките главатари и јудејските старешини и бараа да го осудам.

Дела Ап. 25