Дела Ап. 23:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, варосан ѕиду! И ти седиш за да ми судиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!”

4. А оние, кои стоеја наоколу рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го хулиш?”

5. И Павле рече: „Не знаев, браќа, дека е првосвештеник; зашто е напишано: „Не зборувај лошо за началникот на својот народ!”

6. Бидејќи Павле знаеше дека едниот дел се садукеи, а другиот фарисеи, извика во Синедрионот: „Мажи браќа, јас сум фарисеј, син фарисеев; ме судат заради надежта во воскресението на мртвите.”

7. И кога го рече тоа, настана расправа меѓу фарисеите и садукеите, и собирот се раздели;

8. зашто садукеите велат дека нема воскресение, ни ангели, ни дух, а фарисеите ги признаваат и двете.

9. Така настана голема врева. И некои книжевници од фарисејската странка станаа и се препираа, велејќи: „Не наоѓаме никакво зло во овој човек, и ако му зборувал дух или ангел, тогаш да не му се противиме на Бога.”

Дела Ап. 23