Дела Ап. 23:28-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Сакајќи да ја научам причината за која го обвинуваат, го доведов долу во нивниот Синедрион.

29. И најдов дека го обвинуваат заради спорни прашања на нивниот Закон, но дека нема никаква вина, која заслужува смрт или окови.

30. А кога ме известија дека се подготвува напад против овој човек, веднаш го испратив при тебе и обвинителите ги упатив да кажат, пред тебе, што имаат против него. Биди здрав!”

31. Тогаш војниците го зедоа Павла, според дадената им заповед, и го одведоа ноќе во Антипатрида;

Дела Ап. 23