Дела Ап. 21:36-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. зашто множество народ врвеше по него и викаше: „Погубете го!”

37. И кога требаше да го воведат во тврдината, Павле му рече на заповедникот: „Смеам ли да ти речам нешто?” Овој пак рече: „Знаеш ли грчки!

38. Да не си ти оној Египтјанин, кој пред овие денови побуни и одведе во пустината четири илјади мажи разбојници?”

39. А Павле одговори: „Јас сум Јудеец од Тарс, граѓанин на познатиот град од Киликија, и те молам да ми одобриш да му проговорам на народот!”

40. И кога му дозволи, Павле застана на скалите и му мавна со рака на народот. А кога настана голема тишина, проговори на еврејски јазик и рече:

Дела Ап. 21