Дела Ап. 21:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Кога го чувме тоа, и ние и тамошните жители го молевме да не оди горе во Ерусалим.

13. Тогаш Павле одговори: „Што правите? Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господа Исуса.”

14. И бидејќи не можевме да наговориме, ние молкнавме и рековме: „Нека биде Господовата волја!”

15. По тие денови се приготвивме и отидовме горе во Ерусалим.

16. Со нас тргнаа и некои ученици од Ќесарија и нè одведоа при некој Мнасон, Кипарец, дамнашен ученик, за да бидеме негови гости.

Дела Ап. 21