Дела Ап. 20:32-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. И сега ве препорачувам на Бога и на Словото на Неговата благодат, кое е во состојба да изградува и да даде наследство меѓу сите осветени.

33. Сребро или злато или облека не посакав од никого.

34. Самите знаете дека овие раце им послужија на моите потреби и на оние, кои беа со мене.

35. Во сè ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, и да си спомнувате на зборовите на Господа Исуса, како Самиот што рече: ‘Поблажено е да се дава, отколку да се прима.’”

Дела Ап. 20