Дела Ап. 20:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Јас знам дека по моето заминување, ќе навлезат меѓу вас свирепи волци, кои нема да го штедат стадото;

30. а и од вас самите ќе станат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечат учениците по себе.

31. Затоа, бдејте и помнете дека три години - ноќе и дење - не прекратив да го советувам со солзи секој еден од вас!

32. И сега ве препорачувам на Бога и на Словото на Неговата благодат, кое е во состојба да изградува и да даде наследство меѓу сите осветени.

33. Сребро или злато или облека не посакав од никого.

Дела Ап. 20