Дела Ап. 20:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Но Павле слезе, му се фрли, го прегрна и рече: „Не возбудувајте се, зашто неговата душа е во него!”

11. Потоа отиде горе, раскрши леб и јаде, и им зборуваше долго, сè до зората, и тогаш отпатува.

12. А момчето го доведоа живо и се утешија многу.

13. Ние тргнавме порано со бродот и отпловивме во Асос, откаде требаше да го земеме Павла, зашто така беше порачал, сакајќи да оди пеш.

14. А кога се состана со нас во Асос, го зедовме и дојдовме во Митилин.

Дела Ап. 20