Дела Ап. 2:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. туку тоа е кажаното преку пророкот Јоил:

17. ’Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите младинци ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.

18. Исто така, во тоа време, и на Своите слуги и на Своите слугинки ќе излеам од Мојот Дух и ќе пророкуваат.

19. Ќе направам чудеса горе на небото, а знаци долу на земјата; крв и оган и пареа од дим.

20. Сонцето ќе се претвори во темнина, и месечината во крв, пред да дојде великиот и славен Господов ден.

Дела Ап. 2