Дела Ап. 2:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Сите се восхитуваа и во недоумение си велеа еден на друг: „Што може да биде ова?”

13. Други пак се подсмевнуваа и велеа: „Се напиле слатко вино!”

14. А Петар стана, со Единаесетмината, и го поткрена гласот и им рече: „Јудејци и сите вие, кои живеете во Ерусалим! Знајте го ова и послушајте ги моите зборови!

15. Овие луѓе не се пијани, како што мислите вие - зашто е едвај третиот час на денот -

16. туку тоа е кажаното преку пророкот Јоил:

Дела Ап. 2