1. А кога дојде денот на Педесетница, сите беа заедно на исто место.
2. И одненадеж стана шум од небото, како кога дува силен ветер и ја исполни целата куќа, во која седеа.
3. И им се јавија јазици како од оган, кои се разделија и над секого од нив застана по еден.
4. И тие сите се наполнија со Светиот Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да говорат.
5. А тогаш се наоѓаа во Ерусалим побожни Јудејци, од сите народи под небото.
6. И кога се чу шумот, се собра народот и се збуни, зашто секој слушаше како зборуваат на неговиот јазик.
7. Сите се восхитуваа и чудеа, велејќи: „Ете, зар сите што зборуваат не се Галилејци?
8. Тогаш како ние го слушаме секој својот јазик, во кој сме родени?