Дела Ап. 2:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога дојде денот на Педесетница, сите беа заедно на исто место.

2. И одненадеж стана шум од небото, како кога дува силен ветер и ја исполни целата куќа, во која седеа.

3. И им се јавија јазици како од оган, кои се разделија и над секого од нив застана по еден.

4. И тие сите се наполнија со Светиот Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да говорат.

5. А тогаш се наоѓаа во Ерусалим побожни Јудејци, од сите народи под небото.

Дела Ап. 2