Дела Ап. 19:26-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. а гледате и слушате дека овој Павле, не само во Ефес туку речиси во цела Азија, убеди и одврати големо множество, велејќи дека богови направени со раце - не се богови.

27. Но не постои само опасност да изгуби углед ова наше занимање, туку и храмот на големата божица Артемида нема да биде сметан за ништо, и да му се наштети на величието на онаа, која ја почитува сета Азија и целиот свет.”

28. Кога го чуја тоа, полни со гнев, викаа, велејќи: „Голема е ефеската Артемида!”

Дела Ап. 19