Дела Ап. 19:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. А од оние, кои се занимаваа со магии, мнозина ги донесуваа своите книги на куп и ги гореа пред сите. И кога ја пресметаа нивната цена, најдоа дека вредат педесет илјади сребреници.

20. Така Господовото слово растеше силно и преовладуваше.

21. Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: „Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”

22. И испрати во Македонија двајца свои помошници, Тимотеја и Ераста, а самиот остана уште некое време во Азија.

Дела Ап. 19