Дела Ап. 19:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. но кои сте вие?” И човекот во кого беше лошиот дух, скокна на нив, ги совлада сите и покажа против нив таква сила, што голи и ранети побегнаа од таа куќа.

17. Тоа го научија сите Јудејци и Грци, кои живееја во Ефес и страв ги обзеде сите, а името на Господа Исуса се величаше.

18. А мнозина од оние, кои беа поверувале, доаѓаа и исповедувајќи се ги кажуваа своите дела.

19. А од оние, кои се занимаваа со магии, мнозина ги донесуваа своите книги на куп и ги гореа пред сите. И кога ја пресметаа нивната цена, најдоа дека вредат педесет илјади сребреници.

Дела Ап. 19