Дела Ап. 18:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А кога Сила и Тимотеј слегоа од Македонија, Павле беше подбудуван во духот ревносно да сведочи на Јудејците дека Исус е Месија.

6. Но, бидејќи тие се противеа и хулеа, тој ги истресе своите облеки и им рече: „Вашата крв на вашите глави! Јас сум чист и отсега ќе одам при народите.”

7. И се премести оттаму и дојде во домот на некој си Тициј Јуст, богобојазлив човек, а чија куќа беше до синагогата.

8. И Крисп, началник на синагогата, со целиот свој дом, поверува во Господа; и многу Коринтјани, кои го слушаа, поверуваа и се крштаваа.

Дела Ап. 18