Дела Ап. 18:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Кога стигна во Ќесарија, се искачи во Ерусалим; ја поздрави црквата и слезе во Антиохија.

23. И откако помина таму некое време, излезе и ги обиколуваше редум Галатската област и Фригија, утврдувајќи ги сите ученици.

24. А некој си Јудеец, по име Аполос, родум Александриец, човек красноречив и мошне упатен во Писмата, дојде во Ефес.

25. Тој беше поучен во Господовиот Пат, и со својот распален дух зборуваше и учеше точно за Исуса, иако го знаеше само Јовановото крштавање.

26. Тој почна да проповеда смело во синагогата; а кога чуја Прискила и Акила го зедоа при себе, и му го изложија поточно Божјиот Пат.

Дела Ап. 18