Дела Ап. 17:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тогаш браќата веднаш го испратија Павла кон приморјето. А Сила и Тимотеј останаа таму.

15. Придружниците пак го доведоа Павла до Атина, и откако примија заповед за Сила и Тимотеј, да дојдат што поскоро при него, заминаа.

16. Додека Павле ги чекаше во Атина, духот му се огорчи длабоко, гледајќи го градот полн со идоли.

17. И расправаше со Јудејците во синагогата и со побожните; и секој ден на собиралиштето со оние, кои би се нашле таму;

Дела Ап. 17