Дела Ап. 16:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. А чуварот на темницата се разбуди и кога ги виде отворените врати на темницата, го извади мечот и сакаше да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.

28. Но Павле викна со силен глас, велејќи: „Не прави си себеси никакво зло, зашто сите сме тука!”

29. А тој побара светлина, истрча внатре и треперејќи падна пред Павле и Сила;

30. ги изведе и рече: „Господини, што треба да правам за да се спасам?”

31. Тие пак рекоа: „Верувај во Господа Исуса и ќе се спасиш ти и твојот дом.”

32. И им го проповедаа Господовото слово нему и на сите, кои беа во неговиот дом.

Дела Ап. 16