30. И така пратените слегоа во Антиохија, го собраа народот и го предадоа писмото.
31. А кога го прочитаа, се зарадуваа на утехата.
32. Јуда пак и Сила, кои и самите беа пророци, ги тешеа и ги утврдуваа браќата со многу зборови.
33. И откако поминаа таму некое време, браќата ги испратија со мир при оние, кои ги беа пратиле.
34. Сила пак одлучи да остане таму.
35. А Павле и Варнава останаа во Антиохија, каде заедно со многу други поучуваа и го проповедаа Господовото слово.