Дела Ап. 14:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. А множеството народ кога виде што направи Павле, го подигна својот глас, велејќи на ликаонски: „Боговите станаа како луѓе и слегоа при нас!”

12. И го нарекоа Варнава - Зевс, а Павла - Хермес, зашто тој беше началник на словото.

13. А свештеникот на Зевсовото светилиште, што се наоѓаше пред градот, доведе јунци и донесе венци пред вратата и сакаше, заедно со народот, да принесе жртва.

14. Но кога го чуја тоа апостолите, Варнава и Павле, ги раскинаа своите облеки се втурнаа меѓу народот и извикаа,

Дела Ап. 14