Дела Ап. 13:41-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. ’Видете, вие кои презирате, чудете се и исчезнете! Зашто Јас правам дело - во вашите денови - дело во кое нема да поверувате, ако некој би ви раскажувал.’

42. А кога излегуваа, ги молеа да им ги проповедаат овие зборови и во идната сабота.

43. Кога собирот се разотиде, многу Јудејци и прозелити, кои Го почитуваа Бога, појдоа по Павла и Варнава. Тие им зборуваа и ги наговоруваа да останат во Божјата благодат.

44. А во идната сабота се собра скоро целиот град да го чуе Божјото слово.

45. А кога Јудејците видоа множество, се исполнија со завист и со хулење говореа против Павловите зборови.

Дела Ап. 13