Дела Ап. 13:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И така тие - испратени од Светиот Дух - слегоа во Селевкија и оттаму отпловија за Кипар.

5. И кога дојдоа во Саламина, го проповедаа Божјото слово во јудејските синагоги, а го имаа и Јована за помошник.

6. И кога го поминаа целиот остров до Пафос, најдоа некој маѓепсник, лажен пророк, Јудеец, по име Варисус,

7. кој беше со проконзулот Сергиј Павле, умен човек. Овој ги повика Варнава и Савле и посака да го чуе Божјото Слово.

8. Но им се спротивстави Елим маѓепсникот, - зашто така се преведува неговото име - настојувајќи да го одврати проконзулот од верата.

Дела Ап. 13