Дела Ап. 13:37-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. А Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде гниење.

38. И така, мажи браќа, знајте дека преку Овој ви се навестува простување на гревовите;

39. и од сè од што не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој, кој верува.

40. И така, гледајте да не дојде на вас, што е речено во пророците:

41. ’Видете, вие кои презирате, чудете се и исчезнете! Зашто Јас правам дело - во вашите денови - дело во кое нема да поверувате, ако некој би ви раскажувал.’

Дела Ап. 13