Дела Ап. 13:35-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Затоа и во друг псалм вели: ‘Нема да дозволиш Твојот Светец да види гниење.’

36. А Давид му послужи на своето поколение и според Божјата волја заспа и им се придружи на своите татковци и виде гниење.

37. А Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде гниење.

38. И така, мажи браќа, знајте дека преку Овој ви се навестува простување на гревовите;

39. и од сè од што не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој, кој верува.

Дела Ап. 13