Дела Ап. 13:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. А по читањето на Законот и Пророците, старешините на синагогата испратија до нив да им кажат: „Браќа, ако имате некакво утешно слово за народот, зборувајте!”

16. Тогаш Павле стана, мавна со раката и рече: „Мажи Израелци и вие други, кои се боите од Бога, чујте!

17. Бог на овој Израелски народ ги избра нашите татковци и го издигна народот во туѓина, во Египетската Земја, и со воздигната рака ги изведе од таа земја,

18. и околу четириесет години ги трпеше во пустината;

19. и уништи седум народи во Хананската Земја, и им ја даде во наследство нивната земја;

Дела Ап. 13