Дела Ап. 12:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И така, Петра го чуваа во темницата, а црквата постојано Му се молеше на Бога за него.

6. И кога Ирод сакаше да го изведе, во истата ноќ Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни вериги, а стражарите пред вратата ја чуваа темницата.

7. И ете, Господов ангел застана и светлина блесна во собата. Тој го чукна Петра по ребрата, го разбуди и му рече: „Стани бргу!” И веригите му паднаа од рацете.

8. Тогаш ангелот му рече: „Опаши се и обуј ги своите сандали!” Петар направи така. И му рече уште: „Наметни ја својата облека и дојди по мене!”

Дела Ап. 12