Дела Ап. 12:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тоа време царот Ирод се зафати да измачува некои, кои и припаѓаа на црквата.

2. И го погуби со меч Јовановиот брат Јаков.

3. И кога виде дека тоа им се допадна на Јудејците, го фати и Петра, а беа денови на бесквасните лебови.

4. Го фати и го фрли во темница, предавајќи им го на четири стражи - од по четири војника - да го чуваат, со намера да го изведе пред народот по Пасхата.

Дела Ап. 12