1. Во тоа време царот Ирод се зафати да измачува некои, кои и припаѓаа на црквата.
2. И го погуби со меч Јовановиот брат Јаков.
3. И кога виде дека тоа им се допадна на Јудејците, го фати и Петра, а беа денови на бесквасните лебови.
4. Го фати и го фрли во темница, предавајќи им го на четири стражи - од по четири војника - да го чуваат, со намера да го изведе пред народот по Пасхата.
5. И така, Петра го чуваа во темницата, а црквата постојано Му се молеше на Бога за него.
6. И кога Ирод сакаше да го изведе, во истата ноќ Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни вериги, а стражарите пред вратата ја чуваа темницата.
7. И ете, Господов ангел застана и светлина блесна во собата. Тој го чукна Петра по ребрата, го разбуди и му рече: „Стани бргу!” И веригите му паднаа од рацете.
8. Тогаш ангелот му рече: „Опаши се и обуј ги своите сандали!” Петар направи така. И му рече уште: „Наметни ја својата облека и дојди по мене!”
9. И излезе и тргна по него и не знаеше, дека тоа што ангелот го направи е вистинско, но мислеше дека гледа привид.
10. Така ги изминаа првата и втората стража и дојдоа до железната врата, која води во градот; таа им се отвори сама. И излегоа и преминаа една улица, а ангелот веднаш отстапи од него.
11. И кога Петар дојде на себеси, рече: „Сега навистина знам дека Господ го пратил Својот ангел, и ме избави од Иродовата рака и од сè што очекуваше јудејскиот народ.”
12. Согледувајќи го тоа, дојде до куќата на Марија, мајката на Јована, наречен Марко - каде беа собрани мнозина да се молат.