Дела Ап. 11:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И апостолите и браќата во Јудеја чуја дека и народите го примиле Божјото слово,

2. и кога Петар дојде горе во Ерусалим, обрезаните се препираа со него,

3. велејќи: „Влезе кај необрезани луѓе и јадеше со нив!”

4. Тогаш Петар почна да им зборува и да им излага редум:

5. ”Бев во градот Јопија и се молев; и во занес имав видение, како некаков сад, како големо платно, што на своите четири краишта слегува од небото, и дојде до мене.

6. Кога погледнав во него и разгледав, видов во него четвороножни земни животни, и ѕверови, и лазачи и небесни птици.

Дела Ап. 11