Дела Ап. 10:45-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

45. и се зачудија обрезаните верници, кои дојдоа со Петра, дека и на народите се излеа дарот на Светиот Дух;

46. зашто ги чуја како зборуваат јазици и Го величаат Бога. Тогаш Петар рече:

47. ”Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние?”

48. И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа. Тогаш го замолија да остане уште неколку денови.

Дела Ап. 10