35. туку Нему Му е мил во секој народ оној, кој се бои од Него и кој прави правда.
36. Вие го знаете Словото што им го испрати на Израелевите синови, објавувајќи го Евангелието на мирот преку Исуса Христа; Овој е Господ на сите.
37. Вие знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован;
38. Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.
39. И ние сме сведоци за сè што направи во Јудејската Земја и во Ерусалим; Него Го убија обесувајќи Го на дрво.
40. Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се јави,
41. но не на сите луѓе, а на однапред од Бога избраните сведоци - нам, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите.
42. И Тој ни заповеда да му проповедаме на народот и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија на живите и мртвите.
43. Сите пророци сведочат за Него, дека секој кој верува во Него, ќе добие преку Неговото име опростување на гревовите.”