34. Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „ Вистина гледам дека Бог не гледа на лице,
35. туку Нему Му е мил во секој народ оној, кој се бои од Него и кој прави правда.
36. Вие го знаете Словото што им го испрати на Израелевите синови, објавувајќи го Евангелието на мирот преку Исуса Христа; Овој е Господ на сите.
37. Вие знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован;
38. Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.