Дела Ап. 10:24-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. На другиот ден влегоа во Ќесарија, а Корнелиј ги чекаше, откако ги повика своите роднини и блиските пријатели.

25. А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони.

26. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”

27. И разговарајќи со него, влезе и најде мнозина собрани.

28. И им рече: „Вие знаете дека на Јудеец не му прилега да се дружи со човек од друг род и да доаѓа при него. Но, мене Бог ми покажа никого да не наречувам поган или нечист.

29. Затоа дојдов без приговор, кога ме повикавте. Затоа прашувам - по која причина ме повикавте?”

Дела Ап. 10